Информации


ЗА НАС

Основана во 1996 година, АТОМЕМ ДОО како компанија започна со понуда на производи од областа на авто козметиката. На почетокот со само неколку вработени, компанијата низ годините се развиваше во вистинска насока и благодарение на довербата на нашите клиенти ние денес сме увозник и ексклузивен или овластен дистрибутер на многу светски познати брендови. Понудата на голем број светски брендови носи голема одговорност, потреба од флексибилна организација која е отворена кон промени како и постојано инвестирање во развојот на нашиот тим. Ние знаеме што значи партнерство и доверба па затоа за нашата безрезервна грижа кон клиентите и деловните соработници зборува нивната лојалност која ја добиваме повеќе од 20 години. Kако резултат на долгогодишната успешна работа, денес со гордост можеме да кажеме дека АТОМЕМ ДОО е лидер на пазарот за авто козметика во Република Македонија и претставува синоним за врвна услуга, професионалност и квалитет.

ФАКТОРИ ЗА УСПЕХ

Имплементиравме успешен модел на работење со инвестирање во унапредувањето на дистрибутерската мрежа, човечките потенцијали и информативните системи. На самиот почеток продажните активности беа насочени кон помали клиенти односно специјализирани продавници на мало, сервиси за одржување на автомобили и автоперални. Квалитетот и врвната услуга беа причина дистрибуцијата да ја насочиме кон задоволување на потребите на големопродажните клиенти, супермаркети, хипермаркети и синџири на бензински пумпи. За да се добие високата позиција на пазарот неопходна е довербата на клиентите базирана на професионалниот тим, континуитет во снабдувањето, големиот асортиман и потребните количества на производи.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА

АТОМЕМ ДОО на своите клиенти им обезбедува снабдување од магацинот со брзи испораки од асортиманот на повеќе атрактивни производи секогаш достапни во потребни количини и побарувања на крајните потрошувачи согласно сезонската побарувачка. Денес, ние сме компанија со над 3100 клиенти од Република Македонија и други земји која се стреми и е подготвена за нови предизвици како одговор на постојаните промени и потреби на пазарот. Постојаното зголемување на асортиманот со квалитетни производи како и непрекинатото инвестирање во дополнителни магацински простори ја потврдува лидерската позиција која АТОМЕМ ДОО ја има на македонскиот пазар за авто козметика и авто делови.

ПРОФЕСИОНАЛЕН ТИМ

Нашиот професионален тим располага со широк спектар на знаења и искуства кои допринесуваат за успешна работа како во нашата компанија така и кај нашите ценети клиенти и деловни соработници. Соработката со клиентите подразбира многу повеќе од само испорачување на производите. Ние на клиентот му помагаме да го постигне максимален ефект преку поставување на артиклите на продажното место, како и со навремено информирање за промотивните активности со цел да се зголеми продажбата. Менаџментот на АТОМЕМ ДОО знае да ја идентификува потребата од тимската работа, постојаната комуникација, желбата за напредување и неуморно ги обучува своите кадри преку професионални и корпоративни семинари, курсеви и обуки во земјава и странство.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да бидеме успешно препознаени како компанија во која клиентите ќе пронајдат вистински партнер како и ширење на дистрибутивната мрежа на производи од авто козметиката во земјава и регионот.